Мирен почеток на 2026 година во Кочани – дежурните служби без поголеми интервенции

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Новогодишната ноќ во Кочани поминала релативно мирно, информираат дежурните служби, а информациите ги потврдија за Радио Кочани надлежните институции.

Во Општата болница со проширена дејност во Кочани, во службата за Итна медицинска помош биле прегледани вкупно 26 лица.

Кај пациентите била евидентирана здравствена симптоматологија што не била поврзана со новогодишната прослава.

Укажана била помош и на едно лице со полесна телесна повреда добиена во физичка пресметка.

Како што информира за Радио Кочани во кочанската општа болница во наведениот период не биле регистрирани случаи на алкохолна интоксикација.

Воедно, на Гинеколошко-акушерското одделение немало породувања, па Кочани сè уште го очекува првото новороденче во 2026 година.

Од СВР Штип – ОВР Кочани соопштија дека во текот на ноќта било лишено од слобода едно лице поради опасно однесување во сообраќајот, откако се движело во спротивен правец на кружен тек и по една од градските улици.

Мирна новогодишна ноќ регистрирала и Територијалната противпожарна единица Кочани, која немала интервенции.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанчанец приведен откако возел во спротивен правец на кружен тек и улицата „Димитар Влахов“

Во Кочани, на 01.01.2026 година во 01:50 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Ѓ. (69) од Кочани, затоа што управувал патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки на кружен тек во спротивен правец, по што продолжил да се движи спротивно и по улицата „Димитар Влахов“ во Кочани.

ОД ШКАФЧЕ ДО БАНКОМАТ, УКРАДЕНИ 650 ЕВРА ВО КОЧАНИ Некој провалил во Центарот за дијализа

Одделението за внатрешни работи во Кочани поднело кривична пријава против двајца граѓани осомничени за технолошки и класични кражби. Според информациите од полицијата, првопријавениот, 42-годишниот О.С.А. од Штип,  неовластено влегол во простории на Центарот за дијализа во Кочани и од шкаф на две вработени лица одзел паричник со пари, две банкарски картички и лични документи. Истиот

Возач од Грдовци приведен по сообраќајка во Кочани, имал 1,97 промили алкохол

На 30.12 2025 во 20:56 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Б.(28) од с.Грдовци, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „бмв“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.К. (23) од с.Чифлик, кочанско, а при преземање мерки е констатирано А.Б. е