Владата даде зелено светло за експресен пат меѓу Кочани и Делчево

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Владата донесе одлука за изработка на основен проект  за изградбата на експресниот пат Кочани – Делчево, со што се отвора ново поглавје во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во Источна Македонија.

По изработката на проектот, наредната година се очекува веднаш да стартуваат и градежните активности.

Проектот, кој има стратешко значење за регионот, треба да обезбеди значително побрзо и побезбедно поврзување меѓу двата града, како и подобри услови за движење на граѓаните и транспорт на стоки.

Инвестицијата во патната мрежа е дел од пошироките напори за зајакнување на регионалната поврзаност и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прекрасен новогодишен базар во ООУ „Никола Карев“

Денеска ООУ „Никола Карев“ го одржа новогодишниот базар, кој привлече голем број посетители. На настанот беа изложени новогодишни производи изработени од учениците, а празничната атмосфера беше збогатена со забавна програма, со настап на училишниот хор, маскоти и диџеј. Директорот на училиштето, Александар Андов, истакна дека ваквите активности ја поттикнуваат креативноста и заедништвото кај учениците и

Филмска кражба во Кочани: Украден паричник, па извадени 90.000 денари од банкомат

Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари. Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од

РЕГУЛИРАНО КОРИТОТО НА ОСОЈНИЦА И ЗАПОЧНАТО КАСТРЕЊЕ НА ДРВЈАТА ВО ВИНИЦА

  Речното корито на реката Осојница кај мостот пред влезот во селото Виничка Кршла е исчистено и регулирано, со што се решава децениски проблем на барање на жителите. Со стабилизацијата на овој потег значително е намален притисокот врз столбовите на мостот, а воедно е отстранета и опасноста од евентуални штети и поплави на бунарите за