Филмска кражба во Кочани: Украден паричник, па извадени 90.000 денари од банкомат

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари.

Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип, за „кражба“ и за „соизвршителство“, а во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Против другите двајца – Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) се поднесени пријави за „соизвршителство“, во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.

На 29 октомври од куќа на лице од Кочани, првопријавениот украл паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција, кој бил неуспешен, соопшти МВР.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Благица Кичен“ го прошири својот бизнис – отворен нов дуќан за готвени јадења во Кочани

Кочани доби ново место каде граѓаните секојдневно ќе можат да купуваат свежо подготвени и вкусни готвени јадења. Познатата кочанчанка и претприемач „Благица Кичен“ го прошири својот бизнис со отворање на нов дуќан за готвени јадења, лоциран на улицата „Тодосија Паунов“, под објектот на Премиум Џим. На свеченото отворање присуствуваа голем број граѓани, пријатели, соработници и

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот

Тажен епилог: По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска пристигна тажната вест дека тој е пронајден починат во планински предел. Во изминатите денови во потрагата беа вклучени припадници на полицијата, членови на Доброволната планинска спасителна служба, ловџии, моторџии и бројни граѓани кои несебично се приклучија