Во Виница, работно се ангажирани 15 невработени лица според Активна мерка 6.1 Јавни работи од Оперативен план 2025 година на Министерството за економија и труд, во имплементација на Агенцијата за вработување на Македонија.
Невработените лица се ангажирани во времетраење од 30 дена по 4 часа дневно и се вклучени во проектот„ Чиста животна средина во Општина Виница“.
Придобивките од реализацијата на ваква активност за граѓаните ќе биде од големо значење за чиста животна средина, а воедно и лицата кои ќе бидат ангажирани за активностите ќе добијат месечен надомест и бидејќи тоа се лица кои спаѓаат во категорија кога се неконкурентни на пазарот на трудот ќе имаат можност да бидат работно ангажирани, посочи градоначалникот Митко Костадиновски.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









