Асфалтирана улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со средства од општинскиот буџет е асфалтирана улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, која претставува сообраќајна врска меѓу населеното место Тркање и компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Улицата е со должина од 570 метри и ширина од 4,2 метри, со уредени банкини од двете страни, што значително ја подобрува безбедноста и функционалноста на сообраќајот во овој дел од селото.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“ од Кочани, а за реализација на проектот од општинскиот буџет се издвоени близу 4 милиони денари.

Наскоро оваа улица ќе биде поврзана со новиот планиран сообраќаен влез во селото Тркање.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почна пријавувањето за Илинденските спортски игри во Чешиново-Облешево, победникот ќе добие 200.000 денари

Општина Чешиново-Облешево ќе биде домаќи на Илинденските спортски игри, што годинава ќе се одржат по 54. пат. Пријавувањето на спортските екипи е во тек,  а потоа ќе биде организирано и ждребување. Организацискиот одбор испрати повик до сите месни заедници во Источниот регион да ги известат заинтересираните екипи од нивите места да се пријават за учество

„Благица Кичен“ го прошири својот бизнис – отворен нов дуќан за готвени јадења во Кочани

Кочани доби ново место каде граѓаните секојдневно ќе можат да купуваат свежо подготвени и вкусни готвени јадења. Познатата кочанчанка и претприемач „Благица Кичен“ го прошири својот бизнис со отворање на нов дуќан за готвени јадења, лоциран на улицата „Тодосија Паунов“, под објектот на Премиум Џим. На свеченото отворање присуствуваа голем број граѓани, пријатели, соработници и

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот