Започна примената на новиот сообраќаен режим во Кочани, увид изврши градоначалникот Грозданов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Од утринава започа најавената измена на сообраќајниот режим од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ до кружниот тек кај Двојниот мост.

Изменетиот режим се имплементира со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, Општината, ТППЕ и ДПД Кочани.

Увид изврши градоначалникот Владко Грозданов и овластената инспекторка за патен сообраќај Жаклина Пауновска Анѓелковиќ.

Со пренасочување на сообраќајот продолжува поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација.

Апел до сите граѓани: да не паркираат возила на улиците од двете страни на реката и да ги почитуваат службените лица, сообраќајните правила, прописи и сигнализација.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ДЕМАНТ ОД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Република Северна Македонија за 2024 година без притоа да се направи јасна и суштинска дистинкција помеѓу периодот на управување од страна на

Креативни новогодишни работилници во ОУ „Раде Кратовче“

Денеска во ОУ „Раде Кратовче“ се реализираше работилницата „Новогодишна бајка во боја“, на која учениците работеа во различни ликовни техники. Изработените цртежи ќе се користат за украсување на училиштето, а дел од нив ќе бидат изложени и продавани на Новогодишниот базар што ќе се одржи на 25 овој месец. Во училишната сала се одржа и