ЦК „Бели мугри“ – Промовирана книгата „Ѕвездите светат бесконечно“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Во Националната установа ЦК „Бели мугри“ синоќа во Кочани е промовирана книгата „Ѕвездите светат бесконечно“ од група автори, посветена на загинатите, повредените и хероите од трагедијат што се случи на 16 – ти март годинава во дискотеката „Пулс“ .

Во книгата се поместени поетски творби и прозни дела создадени од 75 автори од Битола, Прилеп, Крушево, Кочани, Пехчево, Кичево…од  цела Македонија и од наши иселеници. Издавач е  книжевниот кружок „Васил Иљоски“ од Крушево. Средствата од продажбата на книгите се наменети за повредените од Кочани.

– Ова е наше прво издание, прва збирка што ја посветуваме на ангелите и хероите.
од Кочани што се бореа да спасат што повеќе млади животи. Напишана е многу искрено, вредна е и наменета за читатели од сите возрасти. Книгата е замислена да биде камен темелник на сеќавања и оддава почит кон децата и младите што ги загибија животите и кон оние што се бореа за нив, рече на промоцијата за Радио Кочани, Валентин Тасевски, библиотекар и претседател на книжевниот кружок „Васил Иљоски“ од Крушево.

ЦК „Бели мугри“, промоцијата на книгата „Ѕвездите светат бесконечно“ ја организираше по повод 25 ноември, денот кога е отпечатено првото издание на култната стихозбирка на Кочо Рацин – „Бели мугри“.

Промоцијата беше дополнета со музички точки и ликовна изложба на членови на Школата за сликање и цртање при НУ од Кочани. Сликите беа подарени на родители на починати во трагедијата од 16 – ти март и на автори во промовираната книга.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а