ЗАПОЧНУВА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „НАВИГАТОР“ – ЕДУКАТИВНА ИГРА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА СО ВРЕДНИ НАГРАДИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Јуроп Хаус денес го лансира новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денес, 25 ноември, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда – ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари.
И оваа година, во рамки на иницијативата #TeamEurope, во играта повторно се вклучуваат амбасадите на земјите-членки на ЕУ, кои ќе придонесат со бројни награди, меѓу кои велосипед, патување во Германија, курс по шпански јазик, карти за воз низ Европа и многу други вредни подароци.

Играта може да се игра на македонски и албански јазик и е достапна онлајн на https://europehouse.mk/navigator/

За разлика од лани, оваа година играта добива значајни унапредувања кои го збогатуваат процесот на учење и ги засилуваат интерактивните елементи. Новитет е воведувањето на „Портокаловата планета“, посветена на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“. Останатите планети продолжуваат да обработуваат теми од различни области поврзани со човекови права, но сега со проширена содржина и унапреден систем на игра што нуди подинамично и поинтересно корисничко искуство.

За да учествуваат во извлекувањето, играчите треба да освојат најмалку 1.000 поени, по што автоматски стануваат квалификувани за главната награда – ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари, додека првите 10 највисоко рангирани играчи на табелата ќе добијат специјални награди од амбасадите на земјите членки на ЕУ. Играта може да се игра неограничен број пати во текот на целиот период, а поени носат само точно и навреме одговорените прашања.

„Навигатор“ е резултат на заедничкиот ангажман на Јуроп Хаус, Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“, Македонското здружение на млади правници, а се реализира и со поддршка од Министерството за образование. Ова издание добива дополнителна симболика во годината кога се одбележуваат 75 години од Европската конвенција за човекови права.

Победниците на играта ќе бидат објавени на церемонијата за доделување на наградите на 17 декември 2025 година во Јуроп Хаус Скопје.

Биди гласен за своите права! Но, прво – добро запознај ги!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за

Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со

В понеделник околу 12 часот потопување на Светиот Крст во Кочанска Река

Во понеделник, 19 јануари, по повод празникот Богојавление – Водици, во Кочани ќе се одржи традиционалното фрлање на Светиот Крст во водите на Кочанска Река. Настанот ќе започне околу 12 часот на Крушарскиот мост, кај Паркот на револуцијата, каде секоја година се собираат голем број граѓани. Потпишувањето на крстот ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г.