Во Кочани денеска официјално започна со работа Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална подршка, кој е замислен да претставува додадена вредност во зајакнувањето на услугите за ментално здравје и подобра превенција, третман и поддршка за граѓаните.
На свеченоста присуствуваа министерот за здравство Азир Алију и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саик Саити. Во официјалниот дел од промовирањето на оваа установа, чија основна цел е да овозможи лесно достапна психолошка и социјална помош, особено за ранливите категории, учествуваше и кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов.
– Во оваа фаза приоритет на Министерството за здравство му е менталното здравје. Затоа, заедно со Институтот за јавно здравје веќе креираме програма, која што ќе биде јасно дефинирана и ќе направиме напори и активности секој граѓанин да има ваква установа, кој ќе се грижи не само за физичкото туку и за менталното здравје. Денеска сум тука, во Кочани и задоволен сум од она што го видов и од програмата што ќе биде активна за овој регион. Затоа му благодарам на Црвениот крст, на сите хумани луѓе кои што заедно со стручните лица ќе работат овде и ќе пружат здравствени услуги поврзани со менталното здравје и психо-социјалните моменти кај граѓаните, рече непосредно пред отворањето на Регионалниот центар за ментално здравје во Кочани, министерот за здравство Азир Алију.
Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саик Саити истакна дека пред граѓаните на Кочани веќе има содржина која е солидно опремена и подготвена да се стави во функција на грижа за луѓето.
– Тоа што го правиме 80 години, го правиме и сега. Тоа што го правиме во случај на катастрофи, истото се обидуваме да го направиме и во мирнодопски услови. Ова е еден таков пример кога Црвениот крст се обидува да помогне во услови на недостаток од одреден сегменти на услуги во општеството, да бидеме дел од напорите на државата за што поголема грижа за луѓето, нагласи тој
Приликава сакам да ја искористам, додаде Саити, да се заблагодарам на сите донатори, соработници и партнери во рамките на движењето на Црвениот крст кај нас и во соседните држави, кои учествуваат во сосздавањето на оваа содржина.
Соседите секогаш први помагаат и ово овој случај соседите ни излегоа во пресрет и сватија дека на овој град му е потребна таква подршка, нагласи генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саик Саити.
Како што рече, овој регионален Центар за ментално здравје, подржан од Црвениот крст, сега за сега е димензиониран да биде во ваква функција три години. Тој се надева и верува дека ваквите центри, како овој во Кочани, многу бргу ќе бидат подржани од здравствениот систем на државата.
Според Владко Грозданов, отворањето на еден ваков Центар за јавно здравје е доказ дека општествено созреваме и ги градиме правилните вредности.
– .Осум месеци живееме со последиците од трагедијата која го погоди нашиот град.Тоа се рани кои не секогаш се видливи но се болни. Зароа овој центар е повече од простор, тој е симбол на заздравување на нашите рани.
Градоначалникот Грозданов упати благодарност до луѓето од Црвениот крст, за која рече дека е организација која со години ја докажува својата хуманост, посветеност и професионалност.
– Од првиот ден по трагедијата сте со нас, искрено ви благодарам ! рече градоначалникот Грозданов.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









