НОВИ 11 ИНСПЕКТОРИ ОД УЈП И ПАЗАРНА УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Иако е започнато судењето за главните осомничени за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани со тоа не се завршени истрагите за други осомничени.

Уште 11 лица – службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) – се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени, дознава Плусинфо.мк.

Дел од осомничените се веќе уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за различни кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена положба, примање поткуп, давање поткуп и фалсификување исправи.

Според информациите до кои дошол порталот, лицата опфатени со акцијата на МВР се сомничат за следните дела:

Д.П. од Штип – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ќе се бара притвор; службеник во УЈП Штип; лишен од слобода.

Д.Д. – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Примање награда за противзаконито влијание“ (чл. 359) – ќе се бара притвор; УЈП Штип; лишен од слобода.

М.Ј. – „Давање поткуп“ (чл. 358) и „Давање награда за противзаконито влијание“ (чл. 358-а) – поврзан со „Пулс“ Кочани.

Д.Ч. – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Гевгелија.

А.Ч. – „Злоупотреба на службената положба“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ (чл. 361) – УЈП Струмица; живее во Гевгелија; лишен од слобода.

А.К. – истите дела, службеник во УЈП Струмица; живее во Струмица; лишен од слобода.

А.Ч. – „Злоупотреба на службена положба“ и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Валандово.

Н.Т. – „Злоупотреба на службена положба“ (чл. 353) – УЈП Штип; живее во Штип; лишена од слобода.

А. К. – истото кривично дело – УЈП Штип; живее во Штип; лишен од слобода.

В.К. – „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ДПИ; живее во Кочани.

Д.Ј. – „Фалсификување исправа“ (чл. 378 став 4) – поврзан со „Пулс“ Кочани.

Истрагата за најтешката трагедија во поновата историја на државата продолжува да се продлабочува, а МВР и обвинителството најавуваат дека ќе бидат опфатени сите што придонеле за незаконското работење на објектот и прекршувањето на процедурите што довеле до катастрофалниот пожар.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република. Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери,

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности