Јавна трибина во Кочани – „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на отпадот“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, во рамки на проектот „ Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во Општина Кочани “, соноќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани организираше Јавна трибина на тема: „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на отпадот“.

Главна цел за одржување на овој настан е подобрување на информираноста, транспарентноста и учеството на граѓаните и институциите во справувањето со неопасен отпад, како и јакнење на владеењето на правото во областа на животната средина преку поефикасно административно и кривично спроведување, во согласност со европските стандарди и Зелената агенда за Западен Балкан.

-Отпадот не е проблем само на оние кои менаџираат со него. Отпадот е проблем на сите нас. Сите ние од една страна сме негови жртви чувствувајќи ги последиците од неговото несоодветно одлагање и третирање но од друга страна пак сме главни виновници за неговото настанување. Сите ние имаме право на чиста и здрава животна средина, но имаме и обврски правилно да делуваме за да ја зачуваме животната средина чиста и здрава, смета Ирена Мирчовска, претседател на Здружението Еко Тим Исток.

Во своето обраќање, пак, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов истакна дека одржувањето на хигиената и уредувањето на јавните простори е еден од приоритетите кои ќе се реализираат во наредниот период.

-Оваа недела детектиравме 21 мини депонија во централното градско подрачје, дневно исфрлавме по 30 камиони отпад и досега исфрливме над 300 камиони по околу 5-6м3 отпад. Управувањето со отпад не е само административно прашање, тоа е прашање во делот на здравјето, екологијата, економијата, социјалата, безбедноста. Во периодот што следи нашата општина решително ќе се насочи пред се кон воведување на современи системи за селекција на отпад, подобрување на инфраструктурата за рециклирање, образовни кампањи кон граѓаните, создавање на нови навики и свест за одговорно постапување со отпад, партнерстав со научни институции, работење врз база на добри практики и засилување во делот на спроведување на законски регулативи, рече од говорницата, кочанскиот градоначалник Грозданов.

На трибината учествуваа д-р Елена Тортевска – претставник од Центар за јавно здравје – Кочани, м-р Биљана Митева – лиценциран управител со отпад и сопственик на Екопроект-Ко- Кочани,  проф. д-р Иван Ефремовски – декан на правниот факултет при Меѓународниот славјански универзитет, Сузана Спасова – претседател на Основен суд – Виница и Трајче Здравков – директор на Центарот за развој на Источен плански регион. Сите говореа  од аспект на своето работење и ги презентираа начините за примена на законските регулативи,  додавајќи свои согледувања за унапредување на управувањето со отпад.

Синоќешната трибина претставува активност што се реализираше во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во Општина Кочани“. Имплементатор е „Еко Тим Исток“ и истиот дел од  програмата за подгрантирање – „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан” на  Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42.  Финансиски подржувач е Европската унија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НОВИ 11 ИНСПЕКТОРИ ОД УЈП И ПАЗАРНА УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Иако е започнато судењето за главните осомничени за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани со тоа не се завршени истрагите за други осомничени. Уште 11 лица – службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) – се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката

Предистрага за корупција во УЈП: Десетина инспектори суспендирани по обвинувањата поврзани со „Пулс“

— Јавното обвинителство води предистрага против десетина вработени инспектори во Управата за јавни приходи (УЈП) по сериозни обвинувања дека им давале предупредувања на сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани за претстојни даночни контроли, во замена за подароци или други бенефиции. Што стои зад сомнежите Според државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, дел од објавените пораки помеѓу

Вторник – приемен ден на градоначалникот на Кочани за консултација со граѓаните

Општина Кочани ја известува јавноста дека приемен термин на градоначалникот Владко Грозданов за консултација со граѓаните е вторник од 10 до 13 ч. За итни приеми – секој работен ден од 7:30 до 9 ч. Граѓаните што имаат потреба да остварат средба со градоначалникот треба да се пријават на портирница, на влезот во општинската зграда.