Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“.
„Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест!
Судската власт од денес е под лупа!
Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи. Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот. Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните?
Правдата за сите жртви од пожарот во Кочани не е желба туку должност!
Ќе преземеме акција, осигурувајќи дека преовладува одговорноста и дека гласовите на засегнатите ќе бидат слушнати. Наша должност е да ја трансформираме тагата во цел и да се обединиме за значајна промена.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









