Осветување на новите икони и дарување крст на Станчо Ристов во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчера во кочанскиот храм „Св. Вмч. Георгиј“ беше отслужена Света Архиерејска Литургија.

Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој пред започнувањето на Литургијата изврши осветување на новиот фрескоживопис во олтарниот дел и во припратата на храмот.

Осветени беа и иконите подарени од Рилскиот манастир – Бугарска Православна Црква, насликани од јеромонахот Павел.

На крајот од Божествената Литургија, митрополитот г. Иларион одржа пригодна архипастирска беседа, по што му подари граден крст на Архиерејскиот намесник на Кочанското намесништво, протоереј-ставрофор Станчо Ристов, по повод неговите 40 години свештеничка служба.

Во оваа прилика му посака здравје, долг живот и уште многу години усрдна служба на Бога и Црквата.

Исто така, митрополитот додели Благодарница на јеромонахот Павел од Рилскиот манастир – БПЦ, за неговиот труд околу изработката и дарувањето на иконите за храмот „Св. Вмч. Георгиј“ и како знак на признание кон верниот народ во Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република. Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери,

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности