„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, заврши „Маршот на ангелите“ во Скопје

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.

 

Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“ протестниот марш започна во 12:05 часот на собирното место, плоштадот „Македонија“.

Силни пораки беа испорачани од „Маршот за ангелите“ во Скопје. Освен во изјавите на организаторите, граѓаните, кои масовно им се приклучија на родителите, роднините и пријателите на загинаттите и повредените во пожарот во Кочани, носеа пароли на кои беше испишано:

 

„Колку детски животи треба да згаснат за вие да се разбудите“, „Моето дете не умре, беше убиено од систем којшто не штити, туку убива“, „’2 животи – 62 иднини. 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност, нема мир без тоа“.

 

„Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“, беше истакнато во апелот на организаторите во деновите пред протестот. Тие нагласуваат дека нема да застанат додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата што ги одзеде животите на нивните деца. „Секоја поддршка значи сила, секој човек е важен. Да се обединиме и да покажеме дека болката не нè скршила и дека борбата за вистинска правда продолжува“, наведуваат тие.

Во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Првото судско рочиште за случајот е закажано за 19 ноември. Според обвинението, 34 физички и 3 правни лица се обвинети за тешки кривични дела против јавната безбедност. Случајот ќе го води тим од околу 15 обвинители, објави државниот обвинител Љубчо Коцевски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република. Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери,

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности