Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите лица од пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите  лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.

Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.

Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга, истакнуваат од Support Kocani.

Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани  Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исплатите се однесуваат на: ∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; ∙ Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; ∙ Мерка 112

Нелегално ископување на археолошки локалитет во Виница

На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект. Полициски службеници од ОВР Виница излегле