Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По барање на жители од населбата Трајаново Трло, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов направи увид на улицата „Константин Апостолов“.

При средбата со жителите беше разговарано за актуелните проблеми и потребите за нивно надминување. Со поддршка од општинските служби, се бараа начини за  поефикасно справување со нехигиената, за соодветно индивидуално одлагање на отпадот и за можностите за негово почесто собирање од страна на КЈП „Водовод“.

Жителите беа опоменати за честите палења на отпад коишто се случуваат на оваа локација и за последиците по безбедноста на граѓаните и животната средина.

На средбата со градоначалникот и стручните служби беа разгледани и можностите за подобрување на патната инфраструктура во овој дел на Кочани. Со оглед дека станува збор за крај на календарската година, за наредната 2026 година ќе се направат предмер-пресметки со цел да се подобри актуелната состојба во овој дел на Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани

Активностите за расчистување на отпадот на јавните површини во Кочани денеска продолжија со отстранување на мини-депонијата создадена на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода во Кочани. Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“, со помош на механизација го отстрани насобраниот отпад, а лицата за одржување на комунална хигиена ги чистеа остатоците  на овој потег

Техничар за контрола на квалитет –Nox

Моментално имаме потреба од 1 (едно)ново вработено лице за работно место:   Техничар за  контрола на квалитет –Nox   Одговорности и задачи: –               Работни и технички постапки, конкретна работа со опремата –               Извршување на мерењата и евалуација според работно упатство –               Извршување на мерењата и евалуација според инструкциите за проверка –               Директна комуникација со операторите

Општина Кочани го објави конкурсот за студентски стипендии за 2025/26 година

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани за академската 2025/2026 година. Општината ќе додели 30 стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во РС Македонија и тоа: најмногу пет стипендии за студенти од ромската етничка заедница и студенти лица со попреченост и со