„ТИТАН Усје“ обезбеди генератор за Општата болница со проширена дејност – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани.

Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион.

Донацијата беше обезбедена по претходна консултација со менаџментот на болницата во Кочани за нивните потреби согласно спецификите на работењето и за потребите на пациентите. Во Кочани донацијата ја предадоа техничкиот директор на компанијата Гоце Цветкоски и Александар Мојсовски, менаџер на погонот за одржување.

Искрено се надеваме дека на овој начин ќе успееме да придонесеме за подобрување на состојбите, за сите граѓани кои имаат потреба од здравствена услуга да добијат соодветен третман. Ние сите заедно мора да придонесеме за подобрување на состојбите во нашето општество и да обезбедиме поддршка онаму каде што е најпотребна. Ќе продолжиме во таа насока и во иднина, истакна Цветковски.

Покрај оваа донација, на болницата во Кочани ѝ беше дониран и респиратор, кој беше обезбеден од донации од вработените на компанијата, а беше реализирана и донација за болницата во Штип.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република. Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери,

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности