Црковниот одбор при параклисот „Св. Димитриј“ во кочанската населба Трајаново Трло упатува повик до верниците и сите луѓе со добра волја да се вклучат во акцијата за донација на фреска за малиот храм.
Го повикуваме верниот народ кој сака да донира фреска за храмот посветен на Свети Димитриј во Трајаново Трло да го контактира отец Гоце за дополнителни информации, информираат од Црковниот одбор.
За сите што сакаат да помогнат, дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 078/741-545.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









