(ЛИНК) Стрип кој ќе го промени мислењето за предвремените детски бракови како форма на трговија со деца

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Tрговијата со деца претставува еден од најзагрижувачките аспекти на трговијата со луѓе во земјава. А, овој стрип е повеќе од уметност ! Тој е глас за оние кои немаат глас! Со силни визуелни симболи и трогателна нарација, успева да ја разоткрие суровата вистина за трговијата со деца и присилните детски бракови, истовремено поттикнувајќи емпатија, свест и акција за делување во спречување на оваа појава,присутна во заедницата. Секоја сцена од стрипот е повик за правда, а секој лик е сведоштво за надеж.

Стрип е во илустратрација на Дарко Талески /стрипмејкер/ликовен уметник/ ,текстот од татарската престава “Маѓепсан круг“ го прилагоди: Елизабета Филипоска /новинар/, Гордана Цветаноска /новинар/ во рeaлизација на Радио Пела – Прилеп /локален медиум/и во соработка со Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и ЕУ.

Илустрираниот стрип, во електронска верзија на тема трговија со деца со акцент на принудните бракови, насловен како „Маѓепсан круг“  можете да го погледнете на преку веб сајтот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје  PUBLICATIONS – Council of Europe Programme Office in Skopje (coe.int)

Имплементацијата на овој проектот се спроведува во тесна соработка со националните министерства и организациите на граѓанското општество. Програмата, меѓу другото, придонесува за спречување на трговијата со деца преку „одржливо градење на капацитетите на клучните засегнати страни (полициски службеници, судии, обвинители, адвокати, граѓански организации, медиуми)“ и
подигање на свеста насочено кон децата, младите луѓе, службениците за образование, социјалните
работници и пошироката јавност.

Публикацијата е поддржана од проектот: „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во
Северна Македонија” кој се имплементира во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка на Европската унија и на Советот на
Европа. Нејзината содржина е единствена одговорност на авторот(ите). Изразените ставови во
никој случај не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската унија
или на Советот на Европа

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на...

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...