Падна првиот снег, УХМР издаде портокалов метео аларм

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Паѓа првиот снег на Попова Шапка за оваа сезона. Шапка е обелена и покриена со првиот слој снег што може да се види од видео камерите .

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд.

„Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка“, соопшти УХМР.

Најмногу снег се очекува на повисоките планини на северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Прилеп денеска се очекува највисоката дневна температура да достигне до 8 степени, а утре петок, само 6 степени максимална дневна температура.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре, петок на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.

Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе одат и во минус, а дневните ќе бидат во пораст.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на...

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...