Прилепските стопанственици со повеќе барања за развој на регионот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Стопанствениците од регионот, членови на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп упатија повеќе предлози и барања до заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески и до Дејан Проданоски кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, со цел подобрување на бизнис климата во регионот.

 На локално ниво стопанствениците упатија предлог мерки кои се потребни да се имплементираат час поскоро, но најважно е адаптирање на дуалното образование кон потребите на локалната економија, за да се намали недостигот од квалификувана работна сила, потенцираше Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора Прилеп.

„Она што ние најпрво го потенциравме, е недостигот на работна сила и адаптирање на дуалното образовање према бизнес секторот, онаков каков што е. Го зборувам за на локално ниво, значи локалното образование да се адаптира према бизнисите кои се одвиваат на локално ниво. Потоа, дополнително, побаравме од страна на Министерството за економија да имаме поголеми поддршки во делот на промоција на домашните производи, да се воведе заштита на македонските производи, да се воведат некои мерки каде што во сите продажни места, не зборуваме само во маркетите, туку секаде, да се промовират македонските производи на сите продажни места, да има минимум 50% истакнати македонски производи,“ посочи Мариноски.

Стопанствениците предлагаат создавање на локално урбанистичко тело за креирање на дигитализација во урбанистичките планови со цел поголеми инвестиции во инфраструктурата, во високата и ниската градба, во домувањето, особено за млади; подобрување на  спортскиот живот; поголема комунална хигиена и креирање на додадена вредност на отпадот и на енергетиката.

„Од тие причини до идните власти на локалната самоуправа, она што бизнис заедницата им препорачува, вистински и сериозно да почнеме да работиме сите заедно, нормално се поддршка на бизнис заедницата, пред се’ да креираме здрава, права и една среќна животна средина, каде што сите ние би си го реализирале својот успешен живот, “рече Ирена Јакимоска, генерален менаџер на Комфи Ангел.

Прилепската економија за нијанса бележи раст, за половина до 1%   во споредба со претходните години, што значи дека Прилеп како регион дава се’ поголема тежина на бруто домашниот производ. Ресорното министерството ќе продолжи со мерки за подобрување на домашната бизнис клима, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд на денешната средба.

„Ние сме транспарентна влада и транспарентно министерство, секогаш ги сослушуваме потребите на бизнис секторот со цел сите оние оперативни планови и активни мерки од владата и Министерството за економија и труд ги направиме да бидат подостапни за бизнис секторот, односно што повеќе да искористат средства, да ги прошируваат своите бизниси, да отвораат нови бизниси, да ги подобруваат технологиите, да ја заштитат животната средина, од друга страна да работат и да отворат нови работни места, односно да не дозволиме што повеќе, како што беше предходниот период, работоспособната работна сила од Македонија, пазарот на трудот да ни заминува во странство,“ рече Ристески.

Кандидатот за градоналник Дејан Проданоски на седницата најави партнерство со бизнис заедницата:

„Нашата цел е заеднички да градиме економски посилен Прилеп, со повеќе инвестиции, нови работни места и подобри услови за стопанствениците“, истакна Проданоски, изразувајќи благодарност за поканата и можноста да се обрати пред членовите на Комората.

Со последниот оперативен план за 2025 година, Прилеп е еден од најактивните градови преку Агенцијата за обработување со повеќе од 300 апликации кои што се однесуваат за мерката на самообработување, 50-ти на апликацији за мерката за раст на постојаните субјекти, 10-тина апликации  за заштита на зелената економија и за практиканство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на...

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...