Post Title

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Викендов крај манастирот „Св. Симеон Столпник“ во селото Костин Дол (кочанско) се одржа традиционалниот народен собор. Годинава празникот се погоди во недела па на соборот имаше невообичаено голем број присутни. Дополнителна причина за големата посетеност на соборот годинава беше и претставувањето на монографијата за ова село под наслов КОСТИН ДОЛ СЕЛО ШТО ПОСТОИ УШТЕ САМО НА ГЕОГРАФСКИТЕ КАРТИ од авторите Јане Атанасов и Славица Цветкова.
Монографијата и нејзините автори ги најави Драги Трајчев, дипломиран правник и поет, кој повеќе години живее во манастирските објекти. Подоцна, во разговор со авторите, призна дека се чувствува како да добил Златен венец на Струшките вечери на поезијата, поради фактот што е претставен во монографијата (и тоа со слика!).
Славица Цветкова, во кратки црти, се осврна на процесот на создавањето на монографијата и упати благодарност до сите кои, на било кој начин, помогнаа истата да се објави и да ја имаме во раце.
Јане Атанасов, кој потекнува од ова село, своето емотивно обраќање го започна со зборовите: „Жената девет месеци го чека моментот на породувањето а коа тоа ќе се случи, таа е пресреќна. Можете да замислите колкава е мојата среќа што, по повеќегодишна работа на нејзиното создавање, го дочекав моментот да ја имам во раце монографиијата за родното село“. Понатаму зборуваше за тоа дека оние кои помнале дел од својот живот во селото, ќе го носат истото во своето срце и својата душа до крајот на својот живот. Нивните потомци повремено ќе го споменуваат и посетуваат Костин Дол. Но следните генерации воопшто нема да знаат дека такво село постоело. За да не се случи тоа, тој и неговата соработничка Славица Цветкова, се обиделе да соберат што повеќе податоци за селото и животот во него меѓу кориците на монографијата.
Обраќањето кон присутните Јане го заврши со зборовите: „Создавањето на монографијата за Костин Дол беше долготајна и тешка работа но ја работев со радост. Сега, кога истата ја имаме во форма на книга, за нас авторите доаѓа најтешкото нешто поврзано со оваа книга: да обезбедие пари за да го платиме нејзиното печатење. Но се надеваме дека, со помош на добри луѓе, ќе ја надминеме и оваа тешкотија“.
Монографијата има околу 300 страници, на кои има податоци за селото, за манастирот „Свети Симеон Столпник“, за училиштето „Јоаким Крчовски“, за видни – успешни луѓе кои потекнуваат од Костин Дол, за секојдневните работи на селаните, за верские обичаи и народното творештво, за флората и фауната … На околу 100 страници, во монографијата се поместени голем број фамилијарни стебла. Посебен прилог во книгата е Осоговскиот речник – преглед на зборови и изрази што се користеле во ова но и во другите села од Осоговието.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК