Тројца моторџии се загубиле на Осогово, пронајдени се со помош на дрон

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 14.09.2025 во 19:40 часот од СВР Штип, од Регионалниот центар за гранични работи Исток е пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над с.Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112. Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри,  над манастирот Св. Архангел Михаил во с.Саса.

Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток, лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде е утврдено дека се работи за лицата Г.Д.(38) од Скопје, К.Н.(38) од Гевгелија и Д.П.(31) од Скопје. Тие не побарале лекарска помош, по што заминале со мотоциклите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК