(видео) Планетариум во ОУ „Никола Карев“ , заштитно одела закосмонаути…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Астрономскиот клуб „Фрањо Клуз“ од Земун, Србија“,  денеска гостуваше во ОУ „Никола Карев“ во Кочани.

Претставник на клубот изврши презентација на Планетариум пред учениците од осмо и деветто оделение – импровизиран балон со небески тела во внатрешноста. Клубот од Земун пред учениците од кочанското ОУ покажа  модел од заштитно одело за космоунаути чија вредност, ако е вистинско, достигнува повеќе милиони долари. На презентацијата беа покажани макети од космички летала кои веќе „атерирале“ на месечината, имаше кратко предавање за првите космонаути, за патувањето на човекот во вселената.

– Активноста е воннаставна и има за цел да се прошири географскиот видик на учениците од осмо и деветто одделение,информираше Сашко Стефановски,наставник по географија во кочанското училиште.

Презентацијата на Планетариумот се одржа во спортската сала на ОУ „Никола Карев“, која од неодамна го носи името „Кочански ангели“.

Клубот „Фрањо Клуз“ од Земун е со богата историја од астрономијата. Формиран е 1949 година и освен што поседува Планетариум тој е и аеро клуб.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК