Рокот за кандидатури заврши – познати носителите на листите за Советот на Општина Кочани (фото од носителите)

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ноќеска на полноќ истече крајниот рок за поднесување кандидатури за учество на локалните избори во Општина Кочани.

Со тоа, официјално се познати носителите на кандидатските листи за членови на Советот на Општината.

Носители на листите:

Група избирачи – Благица Сабовљевиќ Стоименова

Група избирачи – Аки Акиов

Група избирачи – Влатко Здравков

Партија ЗНАМ – Суад Мехмед

Партија Левица – Ванчо Мишев

Партија СДСМ – Александра Коцева

Партија ВМРО‑ДПМНЕ – Александар Андов

Коалиција „Искуство за успех“ (Либерално‑демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра‑Македонска конзервативна партија, Партија за целосна еманципација на ромите) – Катерина Христова

Партија Граѓанска иницијатива ГРИН – Благој Илиевски

Да потсетиме дека Радио Кочани вчеравечер разговараше со претседателката на ОИК – Кочани, Билјана Димовска Гичева при што ни ги соопшти деталите дека се поднесени девет листи за советници, како и шест кандидатури за градоначалници.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК