( видео) Заврши дводневното Кино на отворено со филмот “Еферкланг Македониум бенд”

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Синоќа на Летната сцена на ЦК ” Бели мугри” во Кочани беше прикажан документарниот музички филм “Еферкланг Македониум бенд”, интересна приказна снимена во Македонија и режирана од данскиот музичар, Андреас Јонсен.

Филмот „Еферкланг Македониум бенд” е спонтан, без сценарио, дел од сцените се снимени во Скопје, финалето во Крушево, на споменикот Македониум

Главнаата улога, покрај музичарите од данскиот бенд, ја има Владица Младеновски – Грга, вработен во МКЦ во Скопје.

Тој пристигна во Кочани на крајот од проекцијата на разговор со публиката.

 

Филмот е снимен за седум дена, не претенциозен е. Соработката со „Еферкланг“ беше беспрекорна. Бендот од Данска претходно два пати свиреше во Скопје во МКЦ, по што се договоривме дека треба да продолжиме со документарен филм. Драго ми е што вечерва во Кочани имаше добра публика, овој простор е прекрасен за филмови на отворено. Се надевам дека ќе продолжимеа да соработуваме со Кочани и со вашиот Центар за култура и дека МКЦ за овде ќе понуди и други настани, рече за МИА, Владица Младеновски – Грга, носител на главната улога во овој филм, кој премиерно беше прикажан во Данска минатата година и имаше убав меѓународен успех.

„Ефтеркланг Македониум бенд” беше последниот прикажан филм во дводневното Кино на отворено во Кочани, проект на Јуроп хаус реализиран од МКЦ во соработка со Кочани и ЦК„Бели мугри“.

Синоќа, најпрвин беше прикажан краткиот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија, а во петоктот,12 септември, публиката ги проследи „Пепи и Муто“, краток филм во режија на Георги Унковски и „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.

Кино на отворено во Кочани е иницијатива на Јуроп хаус посветена на заедницата и младите во Кочани, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот настан во март 2025 година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК