Министерството дозволува паралелки со помал број ученици, СОНК бара од Крстевски 50 – те наставници да се вратат на работа

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени. Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација.

Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука за формирање на паралелки со помал број на ученици, со тоа што таа ќе стапи на сила откако ќе пристигне дописот од МОН.

Во своето писмено соопштение, в.д. градоначалникот Венко Крстевски, вели дека таков документ до Општината се уште не е пристигнат, иако претседателот на Советот на денешната координација го покажал дописот од МОН

На образованието му е потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со број на ученици според пропишаните норми од Министерството за образование – нагласува Венко Крстевски.

Во решавање на проблемот со 50 те наставници веќе две недели е вклучен и СОНК. Првиот човек, Јаким Неделков, се надева дека решение за наставниците ќе има до крајот на неделата.

Одговорот на МОН до градоначалникот јасно кажува дека треба ги формираат паралелките така како и биле до сега и аналогно на тоа треба да се продолжи, односно да се примаат наставници за итно и неодложно вработување и да ги врати назад на работа, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Наставник по предмет Религија во ООУ„Раде Кратовче” од Кочани ни рече дека ваквата состојба за учениците значи ненадокнадлива штета.

Не станува збор само за нашите плати, туку и за наставната програма која не може да се спроведе. Јас се прашувам како се спроведува настава во училиште каде има 12 наставници како мене, изјави тој.

Од СОНК  сметаат дека кочанскиот случај е единствен во државата каде на наставниците не им се потпишува согласност за нови договори со училиштата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот