Цептер донираше Биоптрон уред за светлосна терапија на Општата болница во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во соработка со здружението за екологија Грин Орг, компанијата Цептер денес донираше современ уред Биоптрон, прочистивач на воздух и Оху спрејови во вредоност од 25 000 на Општата болница во Кочани.

Уредот е наменет за третман на изгореници, ублажување на болки и подобрување на процесот на заздравување кај пациентите.

Со оваа донација, болницата добива можност да применува иновативна светлосна терапија, која според досегашните искуства покажува значителни позитивни ефекти кај различни повреди и состојби. Од болницата информираат дека уредот веќе бил тестиран во краток пробен период, при што е забележано подобрување кај пациент со повреда од пулс.

Претставниците на Цептер нагласија дека поддршката на здравјето на граѓаните и социјалната одговорност се клучен дел од мисијата на компанијата. Од Грин Орг ја поздравија иницијативата, истакнувајќи дека вакви примери ја демонстрираат важноста на заедничката грижа за здравјето на граѓаните и потребата од соработка меѓу бизнис секторот и јавните здравствени установи.

Директорката на Општата болница, Катерина Паниќ Мирчовска, во изјава за медиумите ги сподели првичните впечатоци од употребата на Биоптронот, оценувајќи го како значајно засилување на капацитетите за лекување и унапредување на здравствените услуги во болницата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот