Крстевски: На образованието му е потребна итна департизација

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На образованието му потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со број на ученици според пропишаните норми од Министерството за образование – вели в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.

Според Крстевски, 90 проценти од блок-дотациите за образованието одат за плати на наставниците. Училиштата заостануваат со развојот во делот на инфраструктурата, како на пример, недостига соодветна спортска сала.

Податоците од образованието во Општина Кочани укажуваат дека бројот на учениците константно е во пад. Оваа учебна година во ОУ „Раде Кратовче“ во прво одделение се запишани 27 првачиња распоредени во 3 паралелки. Во подрачното училиште во с. Бели има 10 ученици во 2 паралелки; во с. Нивичани 5 ученици во 2 паралелки; во с. Тркање 28 ученици во 2 паралелки; во с. Грдовци 17 ученици во 2 паралелки и во с. Прибичево 4 ученици во 1 паралелка.

В. д. градоначалникот на Општина Кочани додава дека во малубројни паралелки на учениците им е скратена можноста за квалитетна социјализација, учество на патрони празници и воннаставни активности што ги имаат нивните врсници во централните училишта.

Крстевски нагласува дека токму тоа против што се бори – партизацијата – во образованието е на најјако, што го илустрира со согласност за помал број паралелки од МОН, документ којшто претседателот на Советот на Општина Кочани го прикажал на денешнава координација на Советот, а којшто сѐ уште не е пристигнат во Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот