Стопанската комора со поддршка за „Макпрогрес“ по големиот пожар во Виница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Стопанската комора на Македонија информира дека веднаш по избивањето на големиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се вклучила во координацијата за справување со последиците, а биле алармирани и надлежните државни институции.

Од Комората најавија дека заедно со сопственикот на компанијата ќе биде формиран кризен штаб, со цел побрзо нормализирање на состојбата и поддршка на процесот на обновување.

Притоа беше изразено жалење за големата материјална штета и за сериозните последици врз работењето на компанијата.

Според соопштението, информацијата за пожарот до Комората стигнала вчера околу 19:20 часот, кога претседателот Бранко Азески бил контактиран од првиот човек на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов.

Веднаш по тоа била известена Владата, а премиерот и дел од министрите дале насоки за интервенција на терен.

И покрај вложените напори, три производствени погони се целосно уништени.

Од Комората потсетуваат дека „Макпрогрес“ е долгогодишен и значаен член, препознаен како еден од најуспешните македонски извозници, особено во кондиторската индустрија преку брендот „Винчини“.

Оваа компанија не е важна само за регионот и за стопанството во земјата, туку и за самата Комора, бидејќи со своите активности и ангажман континуирано придонесува за создавање подобра бизнис клима, наведуваат од институцијата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со молитва и кршење на славскиот колач одбележан празникот на Св. Јован Крстител во Кочани

Со молитa во духот на православната традиција, денеска, 20 јануари, во Кочани беше одбележан празникот посветен на Св. Јован Крстител. Кај параклисoт во центарот на градот, сместен зад зградата на Поштата и посветен токму на овој голем христијански светител, се собраа бројни верници. Во рамки на празникот, свешетениците од храмот „Св.Вмч. Георгиј“  го поелија славскиот

КПС „Осоговски Орел“ ја реализираше зимската планинарска тура „Небојани 2026“

Околу стотина планинари, рекреативци и вљубеници во природата беа дел од вчерашната зимската планинарска тура „Небојани 2026“ што ја организираше Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ , при што учесниците пешачеа по падините на Осоговските Планини. Планинарењето почна од местото Крушка, м.в „Ајдар“ на Бела Река, продолжи кон маалото Пустак, Кацарица, Средна Маала кон Праиште,

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде