Ставен под целосна контрола пожарот во „Макпрогрес Винчини“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Пожарот што избувна вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, е ставен под целосна контрола – информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

При неколкучасовната интервенција на противпожарните екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата, откако во еден од погони им се заглавиле чизмите во смола од стопен шеќер. „При обидот да ги одглават стопалата, чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, изјави Ангелов.

Огнените јазици зафатиле дел од магацините и производствените погони 6, 7 и 8, каде што биле поставени сончеви панели на кровот. Пожарот предизвика значителна материјална штета во компанијата, која е најголем стопански капацитет во Виница.

На терен интервенирале екипите на Противпожарната единица Виница со неколку возила, а помош дале и служби од Кочани, Македонска Каменица, Штип, Пробиштип, Струмица, Кавадарци и Велес. Поради интензитетот на пожарот, жителите од околните куќи стравуваа огнот да не се прошири и кон нивните домови.

„Макпрогрес Винчини“, основана пред 35 години, е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. Дури 75% од производството е наменето за извоз, а производите се пласираат на пазарите во 45 земји низ светот.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ТАБ МАК ВРАБОТУВА….

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

На 12 ноември – конститутивна седница на Советот на Општина Кочани

В среда, 12 ноември 2025 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи својата прва, конститутивна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки. 1.      Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани 2.      Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања 3.      Избор на претседател на Советот

Градоначалникот Грозданов на прва работна средба во КЈП „Водовод“

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие. Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП