Голем пожар попладнево во Виница, екипи на терен го гаснат огнот
Попладнево во Виница изби голем пожар во кругот на фабриката „Мак Прогрес“.
Според првичните информации, на терен интервенираат екипи на ТППЕ Виница и ТППЕ Кочани, како и доброволните противпожарни друштва од двете општини.
Присутни се и полициски екипи кои го обезбедуваат просторот околу пожарот.
Повеќе информации за настанот се очекуваат во текот на вечерта.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.