Чешиново-Облешево – Eден независен кандидат за градоначалник и две независни советнички листи

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во законски предвидениот рок во Општината Чешиново – Облешево поднесена е една пријава за независен кандидат за градоначалник. За позицијата прв човек на оваа општина на изборите закажани за 19 октомври ќе се натпреварува Сане Јованов, како непартиска личност.

Во оваа општина поднесени се две независни листи со кндидати за советници.

ВМРО – ДПМНЕ сеуште нема истакнато свој кандидат за градоначалник во Општина Чешиново – Облешево, додека СДСМ ќе настапи со Горанчо Крстев, кој беше на таа должност во еден мандат до 2021, кога на изборите тогаш загуби од се уште актуелниот градоначалник Далибор Ангелов, кој доаѓа од редовите на владеачката ВМРО – ДПМНЕ и нема официјални информации дали партијата со него ќе „брка“ нов четиригодишен мандат.

Во најмалата општина во државата, Зрновци, нема поднесено листи со независни кандидати за градоначалници, ниту листи со независни кандидати за советници.

Таму, на Локалните избори на 19 – ти ВМРО – ДПМНЕ ќе истрча со Борчо Коцев,кому му завршува мандатот што го доби пред четири години, а СДСМ со Ванчо Митев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

Утрово, ОУ „Св. Кирил Методиј“ преку ЦУК – Штип,  доби информација за лажно поставена бомба. Учениците и наставниците биле навремено евакуирани, а во моментов во училиштетео се присутни инспектори на МВР и се постапува согласно утврден правилник за вакви случаи. Информацијата за Радио Кочани ја потврдија од училиштето. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Надлежните од бензинските пумпи – Дизелот е потрошен поради тоа што потрушувачката ни е зголемена за 5 пати

По објавата на Радио Кочани дека нема дизел на пумпите во регионот надлежните демантираат дека е поради поскапувањето туку едноставно резервоарите на пумпите се празни исцедени до капка за време на викендов. За викенд не се врши достава па затоа во моментов нема дизел, некои од возачите ги испумпувале резервоарите дома и  се враќале по