Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница.

И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и парични награди. Продолжувајќи ја традицијата, оваа година признанието „Најдобар рудар“ му беше доделено на Дарко Велиновски, кој во оваа прилика доби и посебна парична награда и пригоден подарок. Покрај најдобриот рудар, раководството на САСА додели парични награди и на вкупно 121 вработен.

Од нив, 16 вработени добија парична награда за придонес кон безбедноста при работа и заштитата на животната средина, а на 105 вработени им се доделени парични награди за нивниот особен придонес при остварување на безбедно и стабилно производство.

Како дел од активностите по повод празникот, рудникот САСА, преку својата Фондација, обезбеди и финансиска поддршка за реализацијата на две приоритетни потреби на локалната заедница. Имено, на припадниците на територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица им беа донирани комплети заштитна опрема, целосно усогласени со стандардите за безбедност. Исто така, инвестирани се и средства за целосна реконструкција на дел од санитарните јазли во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, со што значително се подобрени условите за децата кои престојуваат во оваа установа.

 

„Нашите вработени се срцето на САСА. Нивната посветеност, стручност и безбедно извршување на работните задачи се клучни за успешното работење на рудникот. Овие награди, што им ги доделуваме по повод Денот на рударите, се само симболично признание за нивниот секојдневен труд. Во исто време, силно веруваме дека развојот на САСА е нераскинливо поврзан со напредокот на заедницата во која работиме, па затоа и понатаму ќе продолжиме со посветена поддршка за општината и нејзините граѓани“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн, честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА и на целата домашна рударска индустрија, како и празникот на сите жители на општината Македонска Каменица, посакувајќи им добро здравје и многу успех на сите полиња.

Инаку, традиционално, Рудник САСА и оваа година е главен покровител и партнер на сите активности што се организираат во локалната заедница, меѓу кои и на централната тридневна културно-музичка програма што се одржува на градскиот плоштад, по повод Денот на рударите и празникот на општината Македонска Каменица.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот