Петмина од повредените во „Пулс“ се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава.

Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште се на болничко лекување, како во земјата така и во странство.
Во странство, односно во Истамбул, моментално се лекуваат двајца повредени пациенти, од кои едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува негово враќање во земјава. Во домашните здравствени установи, едно лице е згрижено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека двајца пациенти се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“, одговорија од Фондот за здравствено осигурување за ,,Фокус”.

Од овие пациенти, двајца се во тешка состојба.

Од вкупниот број, двајца повредени се сè уште во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови, додаваат од ФЗО.

Извор: FOKUS.MK

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Трка во чест на Иле, возачот на Брза помош, кој возеше 11 пати од Кочани за Скопје на денот на трагедијата во „Пулс“

На 6 септември за првпат ќе се одржи хуманитарна трка „Голак Треил‘‘,  спортски настан кој претставува уникатна комбинација од планинско трчање и брзо одење, зависно од делницата на патеката, низ живописните предели на планината Голак, со совладување на одредена надморска висина. Првото издание на ‘‘Голак Треил‘‘ ќе биде посветено на прерано починатиот Иле Гоцевски, возач

ТАВ Македонија донираше целосно опремено амбулантно возило на Општата болница – Кочани

Во моќен чин на корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија, операторот на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило на Јавната здравствена установа Општа болница – Кочани, подобрувајќи го итниот медицински одговор и итна медицинска помош како за граѓаните на општина Кочани, така и за граѓаните на источниот регион

КО ПРО ТЕКС вработува шивачки на обична машина, опшиварка и ибердер

Поради проширување на производството КО ПРО ТЕКС има потреба од шивачка на обична машина, шивачка на опшиварка и од шивачка на ибердер. Нудиме најдобри услови на пазарот Плата по договор Работа од понеделник до петок Информации : 071 215 892 или во седиштето на фирмата на улцата „Стефка Тасева“ број 17 во Кочани