Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Од државата не бараме сочуство и празни зборови, туку целосна и праведна разрешница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Оваа трагедија не е само црна хроника во вести, не е статистичка бројка. Тоа се 62 згаснати животи, 62 смејства во црнина, 62 иднини украдени за миг, порачаа родителите на починатите во несреќата што се случи во дискотеката  „Пулс“,  попладнево на 19. протестен „Марш на ангелите“ .

Поворката од родители и нивните поддржувачи ја поминаа предвидената маршута – од Паркот на револуцијата, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, Управата за јавни прихдои, зградата на полицијата, па се до Основниот суд од каде побараа овој случај да добие епилог, да не се заталашка и заборави.

Ако институциите дозволат оваа трагедија да заврши во тишина, ако не ја исполнат својата должност, тогаш испраќаат порака дека животот на нашите деца не значел ништо, а тоа ќе значи втора неправда, уште поголема и по тешка од првата.

Семејствата на загинатите, како што самите рекоа, не бараат од државата  сочуство и празни зборови, туку вистинска, целосна и праведна разрешница.

Секој што носи одговорност без разлика на функцијата, позицијата или моќта мора да биде изведен пред лицето на правдата, затоа што човековиот живот нема цена, а нашите загуби немаат замена.

Родителите го завршија маршот онаму од каде што тој и почна – во Паркот на револуцијата во Кочани, со себе носејќи фотографиите од своите деца и транспаренти со пораки што постојано ги упатуваат до истите институции.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претрес во кочанско, пронајдена дрога, приведено едно лице

На 23.08.2025 во 16:05 часот во с.Чифлик, општина Чешиново-Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ј.(36) од с.Чифлик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

БОБО ДООЕЛ – Вработуваме двајца дистрибутери

БОБО ДООЕЛ Кочани, Регионален застапник за Источна Македонија за програмата на Бучен Козјак и Здравје Радово има потреба од 2- ца дистрибутери со Б возачка категорија . За подетални информации на телефон: 078213917

Игри, билијард , пикадо и релакс зона „Клуб 8“ – најновото урбано место во градот!

Вечерва, Кочани добива ново катче за забава, дружење и гејминг – „Клуб 8“ ги отвори вратите за сите љубители на игри, билјард и добра атмосфера! Сместен во просториите на поранешната телевизија „Канал 8“, во близина на Градскиот пазар, Клуб 8 претставува модерен простор уреден со вкус и посветеност, создаден да понуди вистинско место за релаксација