Крстев на прес: Со малку среќа сезонава во Втората лига можеме да биде пријатно изненадување

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ од Кочани е подготвен за стартот во Втората фудбалска лига на Македонија закажан за сабота, 23 август.

„Подготовките што ги започнавеме на 14 август ги одработивме во целост, одигравме шест контролни меча. Задоволен сум“, рече Крсте Крстев, тренер на „жолто-сините“ од Кочани, на прес конференција на која клубот ја најави новата сезона.
Според Крстев, ростерот фудбалери со кои располага, вклучувајќи ги и засилувањата, овозможува  рамноправен, рамо – до рамо однос со останатите второлигаши.
„Никогаш однапред не ветувам резулта, но, максимален ангажман на играчите и луѓето  од стручниот штаб, сметам, ќе ни донесе директен опстанок во лигата. Доколку не послужи среќа, нека звучи нескромно, „Осогово“ оваа сезона може да биде пријатно изненадување“.
Годинава од Втората лига директно испаѓаат пет екипи, три играат бараж за опстанок.
ГФК „Осогово“ стартува в сабота, 23 август. Гостува во Македоска Каменица, каде ќе се сретне со „Саса“. Овој меч е локално дерби. Кочанчани сметаат дека дома ќе се вратат непоразени. Во второто коло ја пречекуваат „Преспа“ од Ресен, екипа која во последен момент доби лиценца за настап во второлигашката конкуренција.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

Утрово, ОУ „Св. Кирил Методиј“ преку ЦУК – Штип,  доби информација за лажно поставена бомба. Учениците и наставниците биле навремено евакуирани, а во моментов во училиштетео се присутни инспектори на МВР и се постапува согласно утврден правилник за вакви случаи. Информацијата за Радио Кочани ја потврдија од училиштето. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.