На 24 август ќе се одржи Меморијалниот планинарски марш „Стамен Каровски“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

В недела, 24 август 2025 година, Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, во соработка со Општина Кочани, го организира третиот Меморијален планинарски марш „Стамен Каровски“, во сеќавање на својот починат член, планинар и другар.

 

Учесниците на маршот ќе се искачат на врвот Панаѓур во близина на Пониква, на Осоговските Планини, на 1669 метри надморска висина.

 

Маршот ќе започне од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква. Учесниците ќе се движат по маркирана планинарска патека, која во најголем дел минува низ букова шума.

 

Последните 500 метри до врвот движењето е по пасиште. Должината на патеката е 9 км, таа е кружна и е од лесен карактер.

 

Организаторите препорачуваат секој учесник да носи планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крем за заштита од сонце, планинарски стапчиња и прибор за заедничкиот ручек.

 

Заради организациски потреби пријавувањето за маршот е најдоцна до петок, 22 август 2025 година. Контакт телефон: 078 270 724 – Тошо Антов.

 

 

 

Програма:

 

 

 

8 ч. – Поаѓање од градскиот парк во Кочани со организиран и со сопствен превоз

 

9 ч. – Старт на маршот од Пониква

 

11 ч. – Пристигнување на врвот Панаѓур

 

12 ч. – Поаѓање назад

 

14 ч. – Пристигнување на Пониква и заеднички ручек

 

14:30 ч. – Доделување благодарници

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФОТО: Мицкоски запали свеќа за жртвите во трагедијата во Кочани

Премиерот Мицкоски по денешниот настан во компанијата „Амфенол“ во Кочани отишол на гробиштата за да запали свеќа за жртвите во најголемата трагедија во историјата на државата. Како што објави еден од родителите на загинато девојче во трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“, тој тоа го направи тивко и достоинствено. -Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата

Aмфенол вработува…

Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место   ИНЖЕНЕР ЗА  КВАЛИТЕТ ВО ПРОИЗВОДНА ЕДИНИЦА – Конексус   Одговорности и задачи: Анализа на рекламации (купувач / добавувач) Контакт со добавувачи и клиенти (интерни / екстерни) Анализа на грешки (дневна, неделна, месечна) Подготовка и иѕработка на 8D извештај (интерни/ екстерни) Изработка на

„Амфенол“ го пречека Премиерот Христијан Мицкоски

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.