Демант од МВР : На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера (16.08.2025) не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Напротив, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.
Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола.

Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фестивал на непрофесионален филм – Две награди за остварувања во продукција на етнокореолошката дејност на Домот на културата од Гевгелија

Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под  покровителство на Општина Гевгелија,  се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија – ДФНФ 2025 што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Првата е авторска награда за камера на Васко Трајков,

Огромен асортиман, врвен квалитет и цени достапни за секого!!!

Кога мислиш на свежо, кога бараш поволно, кога сакаш најдобро – мислите и патот ве водат кон маркетите  на Супер Кит-Го и Кит Го! Во Кочани, Зрновци, Виница и низ цела држава – таму каде што секој ден вреди повеќе! Супер избор, супер квалитет… Супер Кит-Го – местото каде што купува цела Македонија!

Христов: Борбата не завршува тука, продолжуваме во Советот за реализација на нашите проекти

Jа користиме приликата да ви се заблагодариме затоа што во неделата масовно излеговте на Локалните избори и гласавте. Особено на оние коишто ја дадоа довербата за мене како кандидат за градоначалник и за нашата советничка листа, предводена од СДСМ и коалицијата, рече на својата денешна прес конференција, Игор Христов, обраќајќи им се на граѓаните на