Собрани 33 крвни единици на вонредната крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
риесет и три крвни единици се собраа на вонредната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Кочани и поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип денеска се реализираше во просториите на општинскиот Црвен крст во Кочани.
Акцијата е 13 што годинава се реализира и е прва вонредна крводарителска акција поради зголемената потреба од крв и крвни продукти во летниот период од годината.
-Упатуваме благодарност до сите крводарители кои денеска даруваа крв и помогнаа во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти во летниот период кога потребата од крв е се зголемува.
Ги повикуваме дарителите да се приклучат и на следните крводарителски акции. Доброволното крводарување е единствен начин на обезбедување на крвни резерви за потребите на граѓаните, истакнаа од Црвен крст Кочани.
На акцијата крв даруваа 4 првократни дарители и 10 млади лица до 30 годишна возраст.
Од Црвен крст Кочани додадоа дека редованта крводарителска акција што се реализира секој последен четврток во месецот, во месец август  наместо на 28 август кога е државен празник ќе биде преместена на 21 август во просториите на Црвен крст Кочани, во редовниот термин од 08:30 до 14 ч.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците