Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на ОВР Кочани и ОВР Берово

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Денеска (13.08.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше на терен со колегите и дел од раководството кои патролираат и секојдневно ги извршуваат своите должности во Кочани. Директорот притоа беше информиран за секојдневните активности на полицијата и за нејзината работа со заедницата.
„Постојано ја давам мојата лична поддршка и знаење на раководството и колегите од ОВР Кочани. Секојдневно се ангажираат полициски службеници од други градови и региони за да им помогнат на колегите во Кочани – заедно да ја испорачуваме безбедноста и да ја возобновиме довербата на заедницата во полицијата. Нашата цел е да изградиме вредности на заедништво, транспарентност и блискост, затоа што само со здружени сили може да се оди напред, да се гради системот и да се инвестира во колективната безбедност“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност.
Директорот Јанев денеска беше и на терен со колегите во ОВР Берово. каде со раководството и со полициските службеници, беше анализирана актуелната состојба, предизвиците кои стојат пред полицијата и начините и методите со нивно справување.
„Пораката е јасна и недвосмислена – нема да дозволиме криминалот и поединците кои го нарушуваат мирот да го уништат заедништвото и довербата што ја градиме со упорна работа и чесна служба“, заклучи директорот на БЈБ Јанев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Кој последен се смее…“, на 24 октомври започнува „Ин Виница Веритас“

Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24. октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.  Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее…“, соопшти Александра

Библиотека „Искра“ – Денеска промоција на нова книга од Атанас Георгиев

Денеска во 17 часот, во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, ,,Три во едно” или ,,Каде лежи зајакот”, информираат од кочанската Јавна оштинска установа. Промотори се Иван Котев и Славица Цветкова, а издавач печатницата „Европа 92“.