БИСТРИ УМОВИ повторно ја носи информатичката елита во Кочани – третиот подготвителен камп на Пониква стартува!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кочани повторно станува срцето на македонската информатика! На Пониква, по трет пат, се собираат најдобрите млади умови од државата – националните информатички тимови што ќе ја бранат Македонија на најпрестижните меѓународни олимпијади. Еднонеделниот камп, кој прерасна во традиција, носи интензивни тренинзи, врвни предавачи и непроценливо искуство за идните ИТ шампиони.

Меѓу нив повторно блеска кочанецот Владимир Грчев, член на репрезентацијата четири години по ред, кој секогаш се враќа со награди од најпрестижните меѓународни олимпијади. Пред само еден месец, и од Математичката Балканска Олимпијада донесе сребрен медал. Оваа година, со несебичен и инспиративен потег, се откажа од личната финансиска поддршка за своја подготовка, за тие средства да го овозможат кампот за сите национални тимови.

Овој настан не би бил можен без поддршката на ВД Градоначалникот Венко Крстевски и Општина Кочани, кои и во овие тешки денови за градот овозможија Бистри умови повторно да ги угости најдобрите информатичари од Македонија. Зад организацијата стојат и неколку општествено одговорни компании, кои цела година несебично ја поддржуваат мисијата за развој на младите таленти.

Кампот е предводен од врвни професори и ментори од ФИНКИ, на чело со Претседателот на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) – Професор д-р Миле Јованов, кој воедно е и Претседател на Балканските олимпијади по информатика и има огромна заслуга за успесите на најдобрите млади информатичари.

Освен што ги поддржува националните репрезентации, Бистри умови веќе две години по ред организира и неколкумесечни бесплатни курсеви по математика и информатика за ученици од цела Македонија. Оваа година, бројката достигна дури 1.700 деца кои беа целосно бесплатно обучувани од искусни наставници и предавачи. Очекувањата се следната година овој број да биде уште поголем, овозможувајќи на уште повеќе млади таленти да ги развијат своите знаења и вештини.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Кој последен се смее…“, на 24 октомври започнува „Ин Виница Веритас“

Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24. октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.  Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее…“, соопшти Александра

Библиотека „Искра“ – Денеска промоција на нова книга од Атанас Георгиев

Денеска во 17 часот, во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, ,,Три во едно” или ,,Каде лежи зајакот”, информираат од кочанската Јавна оштинска установа. Промотори се Иван Котев и Славица Цветкова, а издавач печатницата „Европа 92“.