Општина Кочани – Вечерва започнува „Лето за во друштво“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Вечерва, 11 август 2025 година, од 21 часот, на Споменикот на слободата во Кочани, со ритуална работилница во спомен на младите луѓе што ги загубија животите во пожарот во „Пулс“, ќе започне програмата за млади „Лето во друштво“ што ја подготви Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и Сапорт Кочани.

Програмата што ќе трае до 23 август нуди спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници со различни активности наменети за сите млади од Кочани, Штип, Пробиштип, Виница, Чешиново-Облешево.
Учеството во работилниците треба да се пријави преку електронски картички – формулари, со цел организаторите да ги испланираат и да ги спроведат активностите соодветно со бројот на учесниците. Во картичките детално се опишани планираните активности, времетраењето и локацијата на одржување.
Уметничките активности почнуваат денеска во 16 ч., со фотографска работилница за цијанотипија во Мултикултурниот центар во Кочани, а спортските од 12 август, на спортскиот терен во СОУ „Љупчо Сантов“. Посебен интерес се пројавува за набљудувањето на метеорскиот дожд Персеиди на манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Пантелеј, на 12 август од 21 ч. Организаторите најавуваат организиран превоз за пријавените млади. Автобусот ќе појде во 20 ч. од Градскиот плоштад. Останатите што сакаат да се вклучат во настанот треба сами да си го обезбедат превозот до Пантелеј.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Кој последен се смее…“, на 24 октомври започнува „Ин Виница Веритас“

Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24. октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.  Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее…“, соопшти Александра

Библиотека „Искра“ – Денеска промоција на нова книга од Атанас Георгиев

Денеска во 17 часот, во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, ,,Три во едно” или ,,Каде лежи зајакот”, информираат од кочанската Јавна оштинска установа. Промотори се Иван Котев и Славица Цветкова, а издавач печатницата „Европа 92“.