Традиционалниот собор во Пантелеј го собра народот во молитва и заедништво

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, манастирот „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј, беше исполнет со верници од сите краеви.

Празнувањето започна уште од синоќа, кога многумина запалија свеќи за здравје и благосостојба, а утрово присуствуваа на светата божествена литургија.

По богослужбата, за сите присутни беше подготвена традиционална манастирска трпеза.

Соборот на овој манастирски комплекс има вековна историја и претставува традиција што се негува секоја година.

Манастирот се наоѓа во селото Пантелеј, на околу 12 километри од Кочани, во живописните падини на Осоговските планини.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Игри без граници со вклучување на деца со попреченост

Денеска во Основното училиште „Никола Карев“ се одржаа „Игри без граници со вклучување на деца со попреченост“, активност која е дел од проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, финансиран од страна на Бугарската развојна помош. Целта на овој настан беше преку спортски игри во кои учествуваат деца со попреченост од Кочани и соседните

Љутков: Виничкото Кале ќе добие целосна конзервација на објектите, предвидени се и современи археолошки истражувања

По цели седум години институционално запоставување, денес конечно се враќаме со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата, овде, во Виница, општина која подолго време беше оставена надвор од стратешките културни политики, изјави денеска од Винчкот Кале, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. За  2026 година, што се однесува до Виница, тој најави

ЦК „Бели мугри“ и Јуроп хаус – До крајот на октомври три театарски претстави во Кочани

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани и во месец октомври ја продолжува соработката со ЈУРОП ХАУС со нови содржини за кочанската публика. Октомвриската програма е составена од три театарски претстави од македонските театри: 25 октомври – 20:00 часот „Синиот портокал“ – Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес • 27 октомври – 13:00 часот