Ловечкото здружение „Осогово“од Кочани повторно е владател на два ловни терени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ловечкото здружение „Осогово“  доби назад два ловни терени во владение после повеќе од две децении откако денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, им ги врачи договорите на ловците, на средбата што се одржа во стариот Ловен дом во Кочани.

После дванаесет месеци поминати во низа измени на закони и подзаконски акти во соработка со Ловечката федерација и со друштвата, дојдовме до сосотојба Ловечкото здружение „Осогово“ повторно да биде владател на два ловни терени. Најпрвин, друштвото терените ќе ги користи за одгледување и заштита на дивечот, што е основен услов, подоцна, во законска постапка, ќе дојде до финална додела на овие две ловиштата на користење во период од дваесет години, рече министерот Трипуновски.

Ова е важно, нагласи тој , затоа што со измените на Законот за ловство, предност при распределбата на ловиштата имаат оние што се актуелни корисници, односно оние што имаат вакви договори за одгледување и заштита.

Според Министерот Трипуновски, ова значи исправање на  неправдата што се случила години наназад.

Пактично, законски се  елиминира секоја нелојална конкуренција што ќе влезе во процесот на распределбата на ловиштата. Можам да кажам дека овде во Кочани гледам луѓе со елан за работа, луѓе што ќе го вратат ловот како традиција и култура, во која, таа посебна категорија на луѓе,  спортските ловци, ќе можат да уживаат, подвлече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Ловечкото здружение „Осогово“ од Кочани е едно од најстарите во државата. Постои повеќе од сто години. Во своја сопственост го има Ловниот дом кој е во многу лоша состојба.  Трипуновски на ловците им порача дека ќе направи се што може овој објект да се врати во пристојна состојба и дека Министерството за земјоделство секогашќе биде на страната на вистинските ловци.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците