Пантелеон ГС донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на Кочани и целата земја се уште ја живеат колективната траума од трагедијата која се случи во март годинава. Помош и поддршка беше потребна тогаш, но и денес, а ќе биде потребна и во иднина.

Токму затоа компанијата Пантелеон ГС одлучи да донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.

Како компанија која веќе 5 години успешно работи на пазарот и вработува во најголем дел млади луѓе, сметаме дека хуманоста е доблест, и нешто што треба да се негува. Иако работиме за компании на конкурентниот американски пазар, ние сме дел од оваа локална заедница, и секогаш тежнееме да понудиме поддршка на оние кои се засегнати и им е потребна помош. Вработените во нашата компанија најискрено сочувствуваат со семејствата на загинатите и повредените“ вели Административниот Директор Влатко Палчевски.

За да се обезбеди оваа значајна сума на средства компанијата оваа година ќе се откаже од сите корпоративни настани и сите планирани средства ќе бидат пренасочени кон Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, основана со цел помош и поддршка во рехабилитацијата на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и нивна реинтеграција во општеството.

Пантелеон ГС е прва компанија која не е член на МБА, а донира средства во фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, преку која верува дека средствата навистина ќе стигнат до тие на кои им се потребни. Истовремено, дел од вработените во компанијата директно ќе се вклучат во активностите и реализацијата на проектите на Фондацијата со цел остварување на плановите.

Компанијата Пантелеон ГС и изминативе години беше активна во локалната заедница давајќи поддршка на различни општествено корисни проекти.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците