„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Мерка за заштита на семејниот буџет пред стартот на школската година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените на училиштниот прибор треба да се намалат во пресрет на новата школска година, за најмалку 10% во трговијата на големо и за најмалку 15% во трговијата на мало.

Попустот важи за се – од тетратки, ранци, моливи, фломастери, лепила, до калкулатори и ножици.

Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето. “- изјавија од Влада.

Од Владата велат дека ова е една од мерките со кои се штити животниот стандард.

Треба јасно и видливо да истакнат плакат кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“,како и натпис: попуст на училишен прибор, од најмалку 15%.“- изјавија од Влада.

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче.

Ранците сега се продаваат од илјада до три илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 100, гумите 15 до 50, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Кога се ќе се собере сумата и не е така мала.

За разлика од претходните години, овој септември не би требало да има проблем ниту со учебниците. Министерството за образование веќе соопшти дека се обезбедени книги за сите деца и за сите одделенија, вклучително и за странските јазици.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учебната година е на прагот, повелете во „Рики Јуниор“

На старт сме на новата учебна година. Ранци, тетратки, училиштен прибор, по најповолни цени и голем попуст во книжарницата кај ОУ „Никола Карев“ и во продажниот салон на „Рики Јуниор“. Освен комплет училиштен прибор и наствни помагала, во „Рики Јуниор“ и комплет палета средства за лична хигиена, за вашето домаќинство и канцеларија. Голем асортиман на

Собрани 33 крвни единици на вонредната крводарителска акција во Црвен крст Кочани

риесет и три крвни единици се собраа на вонредната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Кочани и поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип денеска се реализираше во просториите на општинскиот Црвен крст во Кочани. Акцијата е 13 што годинава се реализира и е прва вонредна крводарителска акција поради зголемената потреба

Рудар Рок Фест XI! 23 Август 2025 година 19 часот; Градски парк – Пробиштип Влез: слободен

Со гордост сакаме да го најавиме ХI издание (четврто по ред) на единствениот Рудар Рок Фест. Особено нѐ радува фактот дека секоја година од овој фестивал правиме сѐ поголема и поуспешна приказна. Рудар Рок Фест веќе втора година е интернационален музички настан кој промовира хард-рок култура. Оваа година на фестивалот ќе доминираат панк, пост-панк, спид,