Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството го објави огласот за откуп на оризова арпа

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица, јачмен и ориз кои домашното производство на пченица и јачмен од реколта 2024 година и домашното производство на пченица, јачмен и ориз од реколта 2025 година го имаат складирано кај регистриран складиштар дека е во тек поднесување на барањe за мерка 7 „Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2024 година и за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2025 година“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Корисници за складирана пченица и јачмен во 2024 се земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со пченица и јачмен согласно подмерката 1.1. во 2024 година и производството го имаат предадено на складиштење кај складиштарите во период од 15 јуни до 15 септември 2024 година. Корисници за складирана пченица, јачмен и ориз во 2025 се земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со пченица, јачмен и ориз согласно подмерката 1.1. во 2025 година и производството го имаат предадено на складиштење кај складиштарите во период од 15 јуни до 15 септември 2025 година за пченица и јачмен и во период од 15 септември до 25 декември 2025 година за ориз. Финансиска поддршка не следува на земјоделските стопанства кои произведуваат пченица, јачмен и ориз и складираат за сопствени потреби. Периодот на складирање треба да е најмалку 2 а најмногу 9 месеци. Прифатливи количини: Максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство одделно за пченица, јачмен и ориз во форма на оризова арпа за остварени приноси најмногу до пет тони по хектар за пченица и јачмен и осум тони по хектар за ориз во форма на оризова арпа од пријавените земјишни капацитети од барањето за директни плаќање. Висина на поддршка: 100% од трошоците за складирање и чување, со максимална прифатлива цена на услугата за складирање до 120 денари по тон за еден месец со вклучен ДДВ. Барање за финансиска поддршка поднесува земјоделското стопанство на рачно пополнет образец, директно до Агенцијата на следната адреса: Ул. 3-та Македонска Бригада бр. 20 (зграда на Македонија Табак Блок Ц) Скопје, Република Северна Македонија. Крајниот рок за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерката 7 за пченица и јачмен од реколта 2024 и 2025 година е 30 септември 2025 година, а за ориз од реколта 2025 година е 25 декември 2025 година;

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот