Пуштени во употреба просториите на Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска во функција беа пуштени во употреба просториите на Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани“.

Визијата на центарот е Кочани да стане пример за солидарна заедница што одговорно и достоинствено се справува со предизвиците и да гради подобар живот за сите свои сограѓани.

Главни цели:

Координација за помош како финансиска, материјална и стручна.
Психосоцијална поддршка за настраданите семејства и поединци.
Изградба и обнова на јавни и културни простори, вклучително и реализација на проектот „Парк на животот“.
Кампањи и јавни настани за вклучување на дијаспората,
Транспарентност и отчетност преку редовни извештаи.

Во продолжение на прилогот ја имаме изјавата на Зоран Тодоров.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

TAБ MAK ВРАБОТУВА…..

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

ОВР Кочани: Во „форд“ со СК таблички пронајдена бела прашкаста материја

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје. Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор

Малиот Јован од Делчевско, кој има тешка и болна животна судбина го прослави 12-иот роденден во незаборавна атмосфера во Кочани

Денеска, Ана Симонова и Методи Митев организираа роденденска прослава за малиот Јован Лешоски од селото Ветерен, Делчевско, дете со тешка и болна животна судбина. На својот роденден и именден, Јован за првпат запозна нови другарчиња од Кочани и со искрена детска радост прими бројни подароци од луѓе кои дотогаш никогаш не ги видел. За момент,