Во Кочани утре започнува проект за реинтеграција на младите во соработка со општина од Франција и од Бугарија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Утре, вторник, 5 август 2025 година, со почеток во 10 ч., во ресторанот „Амор“ во Кочани ќе биде официјализиран почетокот на проектот Y-REACH – Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи, што ќе се реализира преку програмата Еразмус +.

Партнери во проектот се: Општина Св. Ана од Гвадалуп – Франција и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за  помош на реформската црква во Гвадалуп – Франција; Општина Пазарџик од Бугарија и НВО Фонд за превенција на криминалот ИГА од Бугарија, како и Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ од Македонија.

Целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

TAБ MAK ВРАБОТУВА…..

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

ОВР Кочани: Во „форд“ со СК таблички пронајдена бела прашкаста материја

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје. Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор

Малиот Јован од Делчевско, кој има тешка и болна животна судбина го прослави 12-иот роденден во незаборавна атмосфера во Кочани

Денеска, Ана Симонова и Методи Митев организираа роденденска прослава за малиот Јован Лешоски од селото Ветерен, Делчевско, дете со тешка и болна животна судбина. На својот роденден и именден, Јован за првпат запозна нови другарчиња од Кочани и со искрена детска радост прими бројни подароци од луѓе кои дотогаш никогаш не ги видел. За момент,